Концентриран подобрувач кој е наменет за изработка на пекарски производи со зголемена и продолжена свежина и рок на траење како што се: тост лебови, хамбургер лебови, сендвич лебови, индустриски и рачни кроасани, лиснати пецива и секаков тип на спакувани пекарски производи. Готовиот производ се карактеризира со изразена мекост, свежа внатрешност, мека, но крцкава кора, стабилна внатрешност и одличен волумен. Производот не содржи конзерванси туку само комбинација од разни ензимски комплекси во склад со дозволени емулгатори. Поради концентрацијата и неговата силина, го прави тестото многу поотпорно на грешки и варијации во условите за работа.

Дозација: 0,3 – 0,5%

Пакување: 1 кг, 5 кг и 25 кг