ОГРИ Живко ДООЕЛ е производно – трговска компанија, основана 1997 година. Компанијата има повеќе полиња на делување. Главната дејност на компанијата е производство и дистрибуција на решенија за пекарската индустрија, млинарската индустрија, а почнувајќи од 2014 година компанијата започна и со дистрибуција на суровини наменети за производство на козметика, средства за хигиена и суровини кои се користат во производството на сточна храна.

Производството се одвива по стандарди и меѓународно сертифицирани системи на контрола на квалитет. ОГРИ систематски ги прати и работи во согласност со македонските и европските регулативи за безбедност на прехранбени производи, а задоволството на нашите купувачи е централен параметар како мерка за квалитативните перформанси.

Членовите на нашиот тим се одликуваат со стручност, динамичност, професионалност и ентузијазам, а нашите принципи на кои сме апсолутно посветени и кои ја кројат стратегијата на фирмата се квалитет, услужност, доследност, инспирација и иновација.

Огри ДООЕЛ Скопје е основана на 15 мај 1997 година. Основната дејност е финансирање на производство на пченица заедно со Жито Струмица при што на крајните корисници а тоа се десетина земјоделски комбинати се испорачува најчесто ѓубриво НПК315 и амониум нитрат за прехрана од Бугарија. Годишен обрт е 2 милиона евра. Паралелно со тоа се одвива трговија со брашно исклучиво од Жито Струмица за пекари во Скопје а и на територија на цела Македонија.

Потоа се преминува кон производство и дистрибуција на подобрувачи за пекарската индустрија. Се започнува најнапред со мало производство со мал број на вработени кое постепено, динамично се зголемува. ОГРИ има и своја сопствена дистрибуција со сопствени возила која ја покрива територијата на цела Македонија. Од 2015 година компанијата ОГРИ Живко ДООЕЛ Скопје, преку свои технолошки решенија и производи е застапена и на пазарите на земјите од Поранешна Југославија.

Потребите на нашите клиенти со тек на времето се зголемуваат па и ние така растеме и секогаш сме тука за нив.